Линкови за пристапност

Што е разликата меѓу хидрогенска и атомска бомба?


Атомската се прави со физија, а хидрогенската со фузија.

Атомска бомба: Вклучува реакција на фисија, во која неутронот се судира со јадрото на атомот, го дели на две јадра и ослободува нуклеарна енергија. Се нарекува и А-бомба. Нуклеарните реактори ја користат фисијата за производство на енергија. САД фрли атомски бомби во Хирошима и Нагасаки во Јапонија во 1945-та година за да стави крај на Втората светска војна.

Хидрогенска бомба: Вклучува реакција на фузија, во која јадрата се судираат за да формираат ново јадро. Исто така се нарекува и термонуклеарна бобма или Х-бомба. Сонцето и ѕвездите се напојуваат со енергија процесот на фузирање. Реакцијата на спојување или фузирање овозможува масивни експлозии – илјадници пати помоќни од атомската бомба.

Споредба: Атомската бомба фрлена во Хирошима предизвика експлозија еквивалентна на 13,000 тони ТНТ експлозив. „Ајви Мајк“ првиот термонуклеарен (хидроген) тест беше спроведен на коралниот остров Еневетак, на Маршалските острови, во 1952 година, и произвела експлозија еднаква на 10,4 милиони тони ТНТ експлозив.

XS
SM
MD
LG