Линкови за пристапност

Пјонгјанг тврди дека спровел „успешен“ тест на хидрогенска бомба


Потег што беше остро критикуван од светските сили

Тестот на државната телевизија беше наречен акт на самоодбрана и заштита на суверенитетот на земјата. Во САД тоа предизвика жестоки коментари.

Тестот се случи за помалку од еден месец откако лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун кажа дека неговата земја развила хидрогенска бомба, која е далеку посилна од атомската.

САД и другите земји ги отфрлија тврдењата, а јужнокорејски разузнавачи и нуклеарни експерти рекоа дека без оглед на големината на експлозијата тие се сомневаат дека станува збор хидрогенска бомба.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД Нид Прајс соопшти дека Белата куќа не може да го потврди тестот, но дека САД јасно ставиле до знаење дека нема да прифатат нуклеарно вооружена Северна Кореја.

XS
SM
MD
LG