Линкови за пристапност

Продолжува окупацијата на Националниот парк


Вооружените антивладини активисти продолжија со окупацијата на Националниот парк во сојузната држава Орегон, и покрај тоа што таткото и синот кои се најдоа во центарот на протестот се вратија во затвор и се дистанцираа од активистите.

Локални и федерални агенции за спроведување на законот, вклучувајќи го и ФБИ соработуваат во справување со ситуацијата, но досега не се преземени никакви директни мерки против групата.

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест изјави дека претседателот Барак Обама е запознаен со ситуацијата и „се надева дека проблемот може да се реши на мирен начин и без насилство.“

Фармерите, 76 годишниот Двајт Хамонд и неговиот 46 годишен син Стивен во понеделникот се вратија во затвор, откако Федералниот апелационен суд пресуди дека треба да одлежат по пет години за подметнување пожар на сојузно земјиште кое го користеле за напасување на добитокот.

Нивните адвокати рекоа дека ќе бараат помилување од претседателот Обама.

XS
SM
MD
LG