Линкови за пристапност

Глобалните акции паднаа во понеделникот среде загриженоста за кинеската економија

Цените на американските акции паднаа нагло на почетокот на тргувањето во понеделникот, по ниското тргување во Кина, рецесијата во Европа и со зголемувањето на тензиите на Блискиот Исток.

Индексите С и П 500 и Дау Џонс изгубија околу два проценти во утринското тргување, додека Насдак падна за околу 2,8 отсто.

Најновите превирања на глобалните пазари започнаа во понеделникот кога кинеските акции падна за околу седум проценти, што ги поттикна властите да престанат со денешното тргување на берзите во Шангај и Шенжен.

Распродажба беше поттикната од уште еден во серијата разочарувачки извештаи за кинеското индустриско производство и пад на економскиот растеж во земјата. Кина е втора по големина економија во светот, по американската и клучен пазар за многу други нации.

Јапонскиот индекс Никеи падна за 3 проценти, а цените на берзата Ханг Сенг во Хонг Конг падна за повеќе од два и пол проценти до крајот на тргувањето.

Европските пазари го следеа примерот на Азија, и во еден момент, германскиот Дакс падна за повеќе од четири проценти, а ФТСЕ во Лондон за повеќе од два.

Во меѓувреме, цените на сировата нафта се зголемија по загриженоста дека зголемените тензии меѓу клучните производители на нафта, Саудиска Арабија и Иран може да го намалат снабдувањето со енергија.

XS
SM
MD
LG