Линкови за пристапност

Запоседнат Национален парк во Орегон


Американските власти работат на разрешување на напнатата ситуација во северозападниот дел на сојузната држава Орегон, каде што група од стотина анти-владини паравојници во саботата окупираа национален парк.

Неформалната група од стотина фармери, земјоделци и т.н. преживувачи ги запоседнаа канцелариите на Националниот природен резерват Малхеур, во близина на градот Барнс, во знак на протест против одлуката на федерален судија да осуди двајца фармерите на пет години затвор за подметнување на пожар на федерално земјиште во 2012 година.

Групата е предводена од Амон Банди, чие семејство беше во центарот на друг инцидент во 2014 година во однос на правата за напасување на добитокoт на државно земјиште во Невада. Банди ја обвини федералната влада за нелегално одземање на приватната сопственост за јавна употреба.

Фармерите Двајт Линколн Хамонд и неговиот син Стивен признале дека го предизвикале пожарот, но тие велат дека се обидувале да изгорат инвазивни видови на растенија на својот имот и дека огнот случајно се проширил на федералното земјиште.

XS
SM
MD
LG