Линкови за пристапност

Можен ли е функционален Вашингтон?


На крајот на 2015 година Американците беа сведоци на редок, функционален Конгрес кој усвои значајни закони со двопартиска поддршка. Во 2016 година републиканските лидери во двата дома ветуваат враќање на традиционалните законодавни постапки според кои Конгресот се водеше пред неколку децении – процедура која ќе биде тестирана во изборната година што доаѓа.

„Задоволен сум од тоа што успеавме да го постигнеме за само неколку недели“, кажа спикерот на Претставничкиот дом Пол Рајан, навраќајќи се на годината што изминува и додаде: „Се чувствувам добро и во однос на тоа каде одиме следната година.“

Од финансирањето на владата и надградба на преоптоварените американски автопати до подобрување на кибернетската безбедноста во земјата, Конгресот предводен од републиканците усвои серија предлог закони кои претседателот Барак Обама, демократ ентузијастички ги потпиша во закон.

Лидерот на мнозинството во Сенатот, републиканецот Мич Меконел на прес-конференција се осврна на годината што изминува: „Кога Американците избираат поделена влада, тие не велат немојте да работите, туку гледајте што може да направите“.

Демократите кои го загубија мнозинството во Сенатот во 2014 година тврдат дека дел од заслугата им припаѓа ним: „Кога републиканците беа малцинство, нивната цел беше опструкција“ кажа демократската сенаторка Пати Мури. „Сега кога демократите се малцинство, нашата цел е да и` помогнеме на средната класа и имаме волја да работиме со републиканците тоа да го постигнеме“.

За некои републикански претседателски кандидати Вашингтон кој функционира е нешто сомнително: „Останете подалеку од кандидат кој е прифатен од Вашингтон“, изјави сенаторот Тед Круз на неодамнешен собир во Алабама. „Ако мислите дека Вашингтон е фундаментално скршен, дека има двопартиска корупција на политичари од кариера кои спијат со лобисти и специјални интереси ... ете, за тоа е оваа кампања“, кажа Круз.

Таквите изјави не ја ослабија решителноста на републиканските конгресните лидери.

„Конгресот во новата година сакам да се врати на она што го викаме „редовна работа“ за да имаме систем што функционира како што била намерата на основачите на нацијата“ вели спикерот Рајан.

Планот на Рајан доби поволна првичната реакција од страна на демократите.

„Со спикерот имавме бројни разговори. Тој сака закон за трошоците. Јас сакам закон за трошоците. Нема причина тоа да не се направи“ вели Хари Рид.

Конгресот штотуку донесе сеопфатен федерален буџет познат како Омнибус со кој ќе се финансира американската влада до септември 2016 година. Ваквите закони беа норма во последните две децении. Претходно конгресните комисии најчесто носеа индивидуални буџети за кои се гласаше поединечно во двата дома.

Меконел вели дека враќање на таа пракса ќе му овозможи на Конгресот подобро да ги исполни своите фискални обврски:

„Големиот закон што го усвоивме тежи 1,1 трилион долари – во еден акт. Тоа не е начин на кој треба да работиме и ќе се обидеме никогаш повторно да не се најдеме во таква ситуација.“

На Меконел ќе му треба помош од демократите за да го постигне тоа.

„Може само да се надеваме дека нашите републикански колеги ќе бидат кооперативни како малцинство како што ние бевме годинава пред да го преземеме сенатот во 2016-та.“ изјави демократскиот сенатор Чак Шумер.

Републиканските лидери имаат за цел оваа предвидување да не се оствари, а на функционалниот Конгресот гледаат како на клуч за постигнување на таа цел.

XS
SM
MD
LG