Линкови за пристапност

Обама за НПР: убеден во победата против ИСИЛ


Американскиот претседател Барак Обама изрази увереност дека противниците на Исламската држава ќе победат, и тој смета дека ќе има "значаен напредок" во таа насока пред тој да замине од функцијата.

Во интервју за вестите на Националното јавно радио објавено денес, Обама ја нарече Исламската држава "опасна и грда организација", но истакна дека најголема штета која може милитантите да ја сторат е ако луѓето во САД го променат начинот на живот и вредностите.

„Исто така за нас е важно да ја задржиме перспективата дека тоа не е организација која може да ги уништи САД. Не станува збор за огромна индустриска сила која може да претставува голем институционален или систематски ризик. Но, тие можат да му наштетат на нашиот народ и нашите семејства, и ја разбирам загриженоста кај луѓето.“

Претседателот пред една година ја овласти воздушната кампања во Ирак и Сирија предводена од САД. Од тогаш, коалиционите авиони спроведоа околу 9.000 воздушни напади, а Обама кажа дека Исламската држава загубила 40 отсто од територијата што некогаш ја контролираше.

XS
SM
MD
LG