Линкови за пристапност

Путин за односите со САД


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека сака да развие подобри односи со САД, без разлика кој ќе победи на следните американски претседателски избори. На неговата редовна годишна прес - конференција со меѓународните дописници во Москва, Путин изјави дека е подготвен да соработува со било кој претседател кој ќе биде избран од страна на американскиот народ.

Тој рече дека разговорите со американскиот државен секретар Џон Кери, претходно неделава упатиле на тоа дека САД се подготвени да се движат кон „решавање на прашањата што може да се решат само преку заеднички напори“. Во врска со Сирија, Путин изјави дека руската воена операција ќе продолжи се до почетокот на политичкиот процес во земјата и дека сирискиот народ мора да утврди кој ќе владее со земјата.

XS
SM
MD
LG