Линкови за пристапност

Средба на Обама со тимот за Национална безбедност


По смртоносниот напад во Сан Бернардино, сојузната држава Калифорнија од страна на брачен пар за кој се верува дека бил инспириран од Исламската држава, и по крвавиот масакр во Париз во ноември претседателот даде неколку изјави за да ги увери Американците во безбедноста на нацијата.

Во понеделникот во Пентагон, Обама изјави дека е „убеден" дека американската коалиција ќе надвладее, додавајќи дека милитантната група губи територија, а нејзините лидери немаат место каде да се скријат.

Во меѓувреме, Директорот на Одделот за домашна безбедност Џеј Џонсон објави нов систем за алармирање на закани од тероризам.

XS
SM
MD
LG