Линкови за пристапност

Германците се за отворени граници


Многумина во Франкфурт ја поддржуваат нивната влада која се обидува да ја задржи Шенген зоната отворена, и покрај безбедносните закани.

Германската канцеларка Ангела Меркел ја бранеше својата политика во говор пред долниот дом на парламентот, Бундестагот.

„Најсилниот одговор за терористите е да продолжиме да ги живееме нашите животи и нашите вредности како досега - самоуверени и слободни, внимателни и ангажирани“, рече таа.

По нападите во Париз Германија се соочува со притисок од останатите членки на ЕУ, особено Франција околу начините на кои Германија се справува со еден милион бегалци кои годинава пристигнаа на стариот континент.

Иако коалиционата влада на Меркел е поделена по ова прашање, жителите на Франкфурт, се чини дека воглавно се на страната на политиката на Меркел.

Ралф, кој не го кажа презимето, верува дека тероризмот може да се случи насекаде, и дека луѓето треба да имаат доверба дека владата може да се справи со предизвикот.

Улрих Милер, пак, вели дека треба да се зголемат контролите на надворешните граници на Европа.

Контролата на надворешните граници на Шенген зоната е контроверзно прашање уште од почетокот на масовната миграција на луѓе во Европа кои бегаат од конфликтите во Сирија, Ирак, Авганистан и на други места. Мигрантите кои во најголем дел од Грција успеаја да стигнат до западните членки на ЕУ без да се регистрирани никаде.

Претходно оваа година, Унгарија подигна ограда за да ги одбрани своите граници.

Некои од другите земји ја обвинуваат Германија дека со отворените врати ги поттикнува мигрантите да ги напуштат своите земји.

Студентката Јулија Клиза мисли дека Германија не треба да ги компромитира своите вредности заради заканата за безбедноста.

Јоханес, која не го даде нејзиното презиме, вели дека повеќето луѓе кои таа ги знае се согласни со неа дека би сакале да видат повеќе гранични контроли. Сепак, таа, исто така не верува во ограничување на слободното патување во зоната. Наместо тоа, таа мисли дека Германија треба да им помогне на земјите кои имаат надворешни Шенген граници во справувањето со приливот на мигранти.

Јирген, кој исто така го даде само неговото име, еднаш неделно оди во камп за бегалци за да им помогне, но исто така, да ја „разбере ситуацијата“. Тој мисли дека приливот на мигранти е предизвик, но и можност за Германија да излезе посилна од кризата.

XS
SM
MD
LG