Линкови за пристапност

Федералната влада на САД ги предупреди властите од сојузните држави дека немаат правно овластување да одбијат прифаќање на бегалци од Сирија.

Директорот на Канцеларијата за преселување на бегалците Роберт Кери вели дека сојузните државите не може да ги одбијат финансиските бенефиции и услуги врз основа на тоа од која земја се бегалците или заради нивната верска припадност.

Неколкумина претежно републикански гувернери се заканија дека ќе ги блокираат федерални обиди за населување на сириски бегалци во нивните сојузни држави, тврдејќи дека тоа претставува закана за безбедноста.

Страстите се разгореа откако беше потврдено дека барем еден од милитантите во неодамнешните напади во Париз дошол во земјата како бегалец.

Минатата недела, Претставничкиот дом раководен од републиканците усвои закон за ограничување на бегалците од Ирак и Сирија. Иднината на законот е неизвесна во Сенатот, а Претседателот на САД Барак Обама вети дека ќе стави вето.

XS
SM
MD
LG