Линкови за пристапност

Американскиот потпретседател патува за Хрватска каде ќе има разговори за приливот на мигранти, енергетските прашања и борбата против тероризмот со хрватските власти и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Состаноците ќе се одржат на маргините на Самитот на лидери на земјите од Југоисточна Европа во Загреб, каде домаќин е хрватската претседатeлка, Колинда Грабар-Китаровиќ и словенечкиот претседател Борут Пахор.

Лидерите на Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија и Албанија, исто така, учествуваат на самитот на кој се очекува да доминира дискусијата за илјадниците мигранти кои пристигнуваат на европскиот брег секој ден.

Во изминатата недела, Хрватска, Словенија, Србија и Македонија најавија нови ограничувања за да им овозможат само на бегалците од воените зони од Сирија, Ирак и Авганистан да транзитираат низ нивните земји. Ограничувањето предизвика протест на мигрантите и повик од Обединетите Нации и Меѓународната организација за миграција овие земји повторно да воспостават механизми за координација и да им помогнат безбедно транзитирање на раселените од конфликтите.

XS
SM
MD
LG