Линкови за пристапност

Столтенберг: „Имавме одлична средба со претседателот Иванов“


Генералниот секретар на Северноатлантската алијанса соопшти дека се разговарало за политичките случувања во Македонија.

„Имавме одлична средба со претседателот Иванов каде што дискутиравме за патот на Скопје кон членство во НАТО и за политичките случувања во земјата“ стои во соопштението на генералниот секретар на НАТО, Јан Столтенберг.

Во соопштението понатаму стои дека Македонија „прави значаен придонес за меѓународната безбедност, особено во мисијата на НАТО во Авганистан и во поддршката на КФОР“, додавајќи дека „соработката е одлична“.

„Во текот на изминатите 20 години, развивме важно партнерство и сме посветени да ја продолжиме поддршката на патот на Скопје кон евро - атлантската интеграција вклучувајќи и членство во НАТО. Поканата од Самитот на НАТО во Букурешт од 2008 се` уште стои“, се вели во соопштението од Брисел.

Тема на дискусија била политичката ситуација во земјата и дека сите сојузници ја споделиле загриженоста на Европската унија во врска со последните политички случувања.

Столтенберг ја истакнал важноста на тековните политички и демократски реформи. „Од витално значење е политичките партии да ги исполнат преземените обврски и дека ќе придонесат во политичкиот процес кој ќе доведе до нови избори, што ќе бидат признати од страна на сите политички партии.

Се разговарало за мигрантите кои минуваат низ Балканот и на меѓународниот одговор на кризата.

XS
SM
MD
LG