Линкови за пристапност

Оланд и Обама ќе разговараат за ИСИЛ и Сирија


Посетата на Оланд е дел од неговите напори за поттикнување акција против милитантите и вршење притисок за политички договор во Сирија.

Францускиот претседател Франсоа Oланд во вторник ќе се сретне со американскиот претседател Барак Обама како дел од меѓународната турнеја за поттикнување акција против милитантите на Исламската држава и да изврши притисок за политички договор за сиријската граѓанска војна.

Од Белата куќа изјавија дека двајцата лидери ќе разговараат за „понатамошната соработка“ во рамки на коалицијата предводена од САД, која што врши воздушни напади врз цели на Исламската држава во Ирак и Сирија веќе една година.

Пред заминувањето од Франција на средба со претседателот Обама, претседателот Оланд во понеделникот беше домаќин на британскиот премиер Дејвид Камерон, кој вети зголемена соработка со британските сојузници против терористите.

Камерон кажа дека планира да побара од парламентот оваа недела проширена британска инволвираност во коалицијата предводена од САД за да вклучува и воздушни напади во Сирија.

XS
SM
MD
LG