Линкови за пристапност

Претставничкиот дом ќе гласа за привремено стопирање на влезот на бегалците од Ирак и Сирија


Претседателот Обама се заканува со вето

Претставничкиот дом во текот на денот се очекува да гласа по предлог-закон спонзориран од републиканското мнозинство, со која привремено би се стопирала програмата на администрацијата на претседателот Обама за распоредување на ирачки и сириски бегалци во САД.

Претседателот Обама се заканува дека ќе стави вето на мерката, со која би се забавил влезот на сириските мигранти во САД.

Белата куќа издаде соопшение дека предлог-законот би додал „непотребни и непрактични барања“ на процесот на проверка на бегалците.

Спикерот на Претставничкиот дом, Пол Рајан повикува на пауза во прифаќањето на сириските бегалци, велејќи дека не треба да им се дозволи на терористите да го злоупотребат сочуството на САД.

Претседателот Барак Обама вети дека претстојната фискална година САД ќе преземат 10.000 сириски бегалци.

Доколку Претставничкиот дом ја усвои мерката, не е извесно дали и Сенатот ќе го стори истото, а Обама ветува дека ќе се бори на секаков обид за попречување на процесот поврзан со бегалците.

XS
SM
MD
LG