Линкови за пристапност

Во видеото кое се појави на социјалните медиуми во понеделникот, ИСИС се заканува дека сите земји вклучени во воените операции против милитантната група ќе ја доживеат истата судбина како Франција.

Лицето кое се обраќа во видеото посебно го издвои главниот град на САД.

„Сите земји кои учествуваат во крстоносната кампања, еден ден, поскоро или подоцна, ќе се соочат со истото како што се соочи Франција“, изјави лицето во видеото. „Ние ја уништивме Франција во нејзиниот сопствен двор во Париз, и се колнеме во Божјиот ред дека ќе го уништуваме срцето на Америка, во Вашингтон“.

Гласот на Америка не можеше независно да ја потврди веродостојноста на видеото. Засега нема коментар од властите на САД.

XS
SM
MD
LG