Линкови за пристапност

Ан Сан Су Чи планира да биде „над претседателот“


Доколку на изборите во Бурма победи нејзината партија, таа ќе земе функција што уставот не ја забранува

Лидерката на опозиционата партија на Бурма, Ан Сан Су Чи, вели доколку нејзината партија победи на изборите овој викенд, таа ќе земе функција „над претседателот“ за да ја заобиколи забраната за нејзино поставување на функција.

Ан Сан Су Чи на конференцијата за печат во четврток го најави својот план, но не елаборираше.

За Ан Сан Су Чи има забрана да биде на владина функција со уставен амандман кој вели дека кандидати со сопружници родени во странска држава или/и со деца родени во странство не можат да бидат на претседателска функција.

Таа кажа дека Уставот ништо не вели за „надпретседателска функција“.

XS
SM
MD
LG