Линкови за пристапност

Лавров: „Коj е опозиција, a кој терорист во Сирија“


Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров ја истакна потребата да се одлучи кои од опозициските групи што се борат во Сирија треба да бидат дел од идните мировни разговори, а кои треба да се сметаат за терористи.

Лавров говореше на прес-конференцијата по средбата во Москва со пратеникот на ОН за Сирија Стафан де Мистура со кој разговарале за процесот на изнаоѓање на политичко решение на конфликтот во кој од март 2011 загинаа повеќе од 240.000 луѓе.

Претходно од канцеларијата на рускиот претседател Владимир Путин изјавија дека ситуацијата во Сирија била тема на телефонски разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и дека и двајцата изразиле подготвеност да го продолжат политичкиот дијалог.

Де Мистура и Лавров беа дел од меѓународни разговори минатата недела во Виена кои ги повикаа ОН да ги соберат завојуваните страни и да ги придвижат кон нов Устав и „веродостојно, инклузивно, и не-секташко владеење". Учесниците, меѓу кои САД, Иран, Саудиска Арабија и Турција, исто така се согласија дека новите избори треба да се одвиваат под надзор на ОН.

Вчера во Белата куќа, портпаролот Џош Ернест ги отфрли руските коментари, велејќи: „Јас се сомневам дека тие одразуваат било каков вид на промени“ во она што тој го опиша како „погрешна стратегија“ на Москва во Сирија.

XS
SM
MD
LG