Линкови за пристапност

Истрага за падот на рускиот патнички авион во Синај


„Не постојат технички грешки што може да доведат до кршење на авионот во воздух“, кажа Александар Смирнов, директор на компанијата за чартер летови Когалимавија во Москва.

„Авионот не летал, туку паѓал“, рече Смирнов. „Екипажот целосно изгубил контрола и поради тоа немало ниту еден обид да стапат во контакт и да известат за ситуацијата со авионот“.

Смирнов изјави дека чартер авионот на летот Метроџет „се здобил со значителна штета на конструкцијата, кој не му дозволила да го продолжи летот“.

Тој рече дека единствен начин да се објасни несреќата е „некој вид на надворешно дејствување. Ја исклучивме техничката грешка на авионот, ја исклучивме пилотската грешка или грешката на екипажот, т.н. човечкиот фактор“, рече тој.

Додека Смирнов ја отфрли техничката или човечката грешка како причина за несреќата тој ја истакна важноста да се почека на резултатите од истрагата за несреќата.

XS
SM
MD
LG