Линкови за пристапност

НДИ: На Балканот е потребна поголема видливост на ЛГБТ заедницата


Неодамна спроведената регионална анкета на Националниот демократски институт во Македонија, Косово, Албанија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина покажува дека младите, високо образованите и жителите од урбаните населби во шесте земји од Западниот Балкан покажуваат поддршка за правта на ЛГБТ популацијата. Сепак најголем дел од испитаниците рекле дека не веруваат оти членовите на оваа заедница би можеле да живеет отворено и да остваруваат еднакви права.

Анкетата исто така открива и ниско ниво на познавање на групите составени од лезбејки, геј, бисексуалци, транссексуалци и интерсексуални заедници помеѓу генералната популација. Сето тоа создава стереотипи и предрасуди базирани на основа на сексуална ориентација и родов идентитет, но и неразбирање на проблемот на насилство и дискримнација со кои се соочува ЛГБТ популацијата. Ова го кажа, преку видео врска, Марко Ивкович од регионалната канцеларија на НДИ од Србија, на настанот во Вашингтон на кој беа презентирани наоѓањата на истражувањето на јавно мислење.

Видливоста, присутноста и личниот контакт ја намалува хомофобијата, стереотипите и предрасудите спрема ЛГБТ заедницата, беше еден од заклучоците презентирани од НДИ, повикувајќи на акција за менување на перцепцијата и поголема политичка вклученост на претствниците на оваа популацијата.

Роберт Бенџамин, регионалниот директор на НДИ за Централна и Источна Европа, вели дека новите демократии во регионот ги надминуваат етничките и секташките кофликти и дека ЛГБТ правата не се високо на агендата како што би требало да бидат:

„Главната лекција е дека на ЛГБТ групите на Балканот им требаат ресурси и информација за да постигнат еднакви права во политичкот процес. Да ја знаат перцепцијата на генералната публика за прашањето, но исто така да знаати како ЛГБТ популацијата се чувствува по овие прашања. ЛГБТ популацијата треба да стане повидлива и еден од начините е преку Паради на гордоста, на пример“.

Анкетата посочува дека економијата и невработеноста се најважни прашања кои ги засегаат граѓаните во Западниот Балкан и дека мнозинството од испитаниците не би поддржале политичка партија која се залага за правата на ЛГБТ популацијата. Сепак, беше издвоен примерот од Србија, каде владеачката партија не изгубила политички поени со пддршката на Парадата на гордоста во Белград во 2014-та.

Испитувањето исто така сугерира дека мнозинството од членовите на ЛГБТ се согласуваат дека парадите на гордоста и` помагаат на каузата за еднакви родови права. Исклучок е Македонија, каде мнозинството од испитаниците се изјасниле дека тоа не е начинот на остварување на нивните права.

Истражувањето било спроведено во текот на летото на 2015-та година. НДИ ги презентира согледувањата до избраните претставници и медиумите за да помогне во надминувањето на маргинализацијата и разбирањето на политичкиот процес за социјална еднаквост.

XS
SM
MD
LG