Линкови за пристапност

Белата куќа ја критикува Русија за посетата на Асад


Портпаролот на Белата куќа кажа дека третманот на сирискиот претседател не бил во согласност со официјалната политика на Москва

Белата куќа ја критикува Русија за дочекот со „црвен тепих“ на сирискиот претседател Башар ал-Асад во Москва.

Портпаролот истакна дека ваквиот третман не соодветствува со официјалната цел на Русија да помогне во подготовките за политичка транзиција во Сирија.

Во средата, Асад имал разговор со претседателот Владимир Путин во Кремљ, велејќи дека руската интервенција спречила ширење на повеќе „тероризам“ во Сирија. Зборот „терористи“ Асад го употребуваше кога зборуваше за бунтовниците.

Русија воено почна да интервенира во Сирија пред три недели, со цел да се уништи ИСИС. Но, САД сметаат дека воздушните напади на Русија се насочени кон разбивање на бунтовничките групи и всушност имаат за цел да го зацврстат Асад.

XS
SM
MD
LG