Линкови за пристапност

Можна ли е регенерација на забите кај луѓето?


Истражувањата кај рибите и глувците сугерираат дека и ткивото кај луѓето може да развива нови заби.

Луѓето, односно сите цицачи, кога станува збор за забите, имаат намален еволутивен процес. По само два циклуса, ако забите се загубени, заболекарите имаат работа.

Според Светската здравствена организација, до 65 годишна возраст, 30 проценти од луѓето ги губат сите свои заби.

Доколку бевме риби, постојано би ни се обновувале забите. Истражувачки тим од Институтот за технологија на Универзитетот во Џорџија, во Атланта, го проучувал процесот и дошол до созание дека рибите и цицачите може да имаат слична генетика.

Рибите менуваат заби секои 50 дена

Циклидите се популарни тропски риби, кои се проучувани од страна на биологот и професор Тод Стрелман, од Институтот за технологија во Атланта.Тој вели дека овие риби ги обновуваат целосно своите заби секои 50 дена.

Во анализата публикувана во весникот „Извештаи од националната академија за наука“ Стрилмен и неговиот тим анализираат ткиво на клетки во рана фаза на развој кај рибите, кои понатаму се развиваат во заби или нерви за вкус. Стрилмен вели дека нашле сличности помеѓу забите и нервите за вкус во нивниот ран период на развиток.

Минатата година, истите истражувачи имале резултат од генетскиот материјал од циклидите. Оваа година, тие вкрстиле циклиди кои се блиски по род и ги споредиле разликите од вкрстувања на втората генерација.

Генетски маркери за забите и за нервите за вкус

Стрилмен вели дека имаат сознанија за генетички промени кои влијаат на зачетните клетки кои понатаму се развиваат како заби или нерви за вкус.

„Можеме да го идентификуваме ова, бидејќи гените кои се типично маркери за нерви за вкус и гените кои се типично маркери за заби се вкрстуваат. Се вкрстуваат на исти места.“

Тимот понатаму ги следи клетките за време на нивниот развој се` додека не дојде до моментот кога „одлучуваат“ дали ќе бидат заби или нерви за вкус.

Забите и нервите за вкус почнуваат да се развиваат од исто ткиво

Забите и нервите за вкус се развиваат од исто ткиво за време на раниот развој на вилицата кај рибите. Научниците пресликале делови од вилицата додека е во развој. Потоа, со ткивото коешто се` уште не е дефинирано, иницирале развој на заби наспроти нерви за вкус, во раниот развој, додека рибата има очи и мозок, но, вилицата се` уште се развива.

Со овие сознанија за гените што стануваат заби и просторот во вилицата каде што се случува, сега се бараат слични гени и кај цицачите.

Но, циклидите не се единствените животни со овој вид на гени. Стрилман вели дека соработниците од Кралскиот колеџ во Лондон покажале дека некои од гените кај глувците коишто не се многу истражувани, исто така имаат влијание во развојот на забите и нервите за вкус. Овие гени што ги пронајдовме кај рибите, исто така, се активни во раниот развиток на заби во вилицата и нерви за вкус на јазикот кај глувците.“

На видик обновување на забите

Стрилмен вели дека студиите за рибите и глувците сугерираат дека ткивото кај луѓето можно е да развива нови заби.

„ Насоката во која нашето истражување се движи , барем за здравјето на луѓето, е да се дознае како да се „намами“ ткивото да премине од една во друг вид на форма.“

XS
SM
MD
LG