Линкови за пристапност

Џим Веб се повлече од демократската трка за претседател


Како причина ги наведува различните ставови по важни прашања со Демократската партија

Поранешниот Сенатор на Вирџинија, Џим Веб, кандидат за претседател од демократската партија, во вторникот најави повлекување од трката.

Веб зборуваше на прес конференцијата во Вашингтон и при тоа не ја исклучи можноста да се кандидира како независен за Белата куќа. Тој рече дека ќе зборува со одреден број на луѓе наредните неколку недели, пред да донесе одлука.

Веб беше против војната во Ирак, но има поконзервативни погледи за контролата на оружје и некои други прашања, што придонесе да се намали бројот на неговите гласачи.

„Јас го прифаќам фактот дека моите погледи не се совпаѓаат со основата на демократската партија“ кажа Веб.

Неговото повлекување остава повеќе простор за четирите кандидати, Хилари Клинтон, која е во водство, сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, поранешниот гувернер на Мериленд, Мартин О`Мали и поранешниот гувернер на Род Ајленд, Линколн Чафе.

XS
SM
MD
LG