Линкови за пристапност

Глобалните компании му се приклучуваат на Обама за чиста енергија


Белата објави дека 81 компанија од јули наваму го потпишала документот за борба против климатските промени

Од Кока Кола до Најки , многу големи компании се заложуваат дека ќе преземат чекори за зголемена употреба на чиста енергија со цел за борба против климатските промени.

Белата куќа, во понеделникот изјави дека 68 компании дополнително се потпишале на Американскиот бизнис документ за климатските промени, што е вкупно 81 компании од јули, кога овој документ беше промовиран.

Најки вети дека во сите сопствени простории до 2025 година ќе воведе 100 процентна употреба на обновена енергија. Други компании, како Сони, изјавија дека ќе ја намалат потрошувачката на енергија на годишно ниво.

Советникот на Претседателот Обама, за климатски прашања, Брајан Дис, вели дека многу компании направиле голем напредок и се обврзале на голем резултат за време на Конференцијата за клима на Обединетите нации во Париз.

„Овие ветувања покажуваат свест за климата, што е добро не само за планетата, туку и за профит“ вели Дис. Притоа, Дис вели дека САД имаат водечка улога.

Белата куќа вели дека 81 компании вработуваат повеќе од девет милиони луѓе и тоа претставува повеќе од три трилиони долари од годишниот приход.

Директорот на корпорацијата за глобална екологија, Тод Брејди, климатските промени ги нарече сериозен еколошки и економски предизвик на кој треба сериозно да му се пристапи.

Американските технолошки компании се заложија да продолжат со 100-процентна употреба на чиста енергија во американските објекти и зголемување на употребата на обновлива енергија на меѓународните локации.

Брејди ја пофали администрацијата на Интел, за она што тој го нарекува сериозен проблем. Тој вели дека заложбите им даваат на компаниите самодоверба и сигурност дека се движат во вистински правец.

Извештајот на Белата куќа за новите заложби на бизнисите, доаѓа во момент кога глобалните лидери се подготвуваат да го направат официјален договорот во Париз.

Порано оваа година, претседателот Обама го најави неговиот План за чиста енергија, со цел намалување на јаглеродот од енергијата за повеќе од една третина до 2030-та година.

XS
SM
MD
LG