Линкови за пристапност

Претседателот Обама најави забавување на повлекувањето од Авганистан


Врховиот командант најави до крајот на мандатот да остави 5500 американски војници во таа земја

Талибан се заложи дека ќе ги интензивира нападите врз американски цели, оценувајќи ја како „нелогична“ одлука на САД да го намали повлекувањето на трупите од Авганистан.

Исламистичкото бунтовништво реагираше на соопштението од претседателот Барак Обама во петокот, дека ќе го задржи сегашниот број од 9800 американски трупи во Авганистан до 2016 година, пред да почне со намалување на бројката до 5500 до крајот на неговиот претседателски мандат во јануари, 2017 година.

Администрацијата, првично планираше да задржи околу 1000 американски војници по 2016 година, со фокус на заштитата на американската амбасада во Кабул.

Портпарол на Талебан Забихула Муџахид, во соопштение испратено до Гласот на Америка, вели дека бунтовничката група, неколку пати повторувала дека „американските трупи нема да ја прекинат инвазијата врз Авганистан“ и дека „нивните ветувања“ имале за цел да ги доведат во заблуда авганистанскиот и американскиот народ.

Тој рече дека одлуката на претседателот Барак Обама нема да ги одврати Талебан од нивната Света војна против окупаторите во земјата.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани, ја поддржа одлуката на Обама, потенцирајќи дека е донесена после „неколкумесечни разговори помеѓу двата претседатела.“ Тој додаде дека одлуката „уште еднаш го покажува обновувањето на партнерството и зајакнување на односите помеѓу САД и Авганистан, на база на заеднички интереси и ризици“.

Американскиот секретар за одбрана, Аш Картер вели „мисијата има цел обучување, советување, поддршка и спротивставување на тероризмот.“ Картер рече дека САД е решена да ја зајакне стабилноста во Авганистан и нема да се откаже од придобивките за кои американските сили дадоа голема пожртвуваност во нивно постигнување.

Претседателот Обама кажа дека САД ќе продолжи да го поддржува процесот на помирување во Авганистан, како и авганистанската влада предводена од претседателот Гани и извршниот шеф Абдула Абдула, во време кога земјата спроведува сериозни реформи.

XS
SM
MD
LG