Линкови за пристапност

Путин со критика кон САД


Рускиот претседател ја нападна позицијата на САД во сирискиот конфликт и ја нарече „неконструктивна“, откако Вашингтон одби да учествува на билатерални преговори на високо ниво за координација на воените активности.

Коментарите на Владимир Путин дојдоа еден ден откако САД и Русија го завршија третиот круг разговори водени на пониско ниво, а посветени на процедурите за однесување во воздухот над Сирија, каде што двете земји водат посебни воздушени кампањи.

И САД и Русија велат дека е постигнат напредок за време на разговорите во вчерашната видео-конференција за која Вашингтон соопшти дека се "тесно фокусирани на реализација на конкретни процедури за безбедност."

Портпарол на Стејт департментот, изјави дека САД сеуште се подготвени да разговараат со руските власти.

Руските воздушни напади им помогнаа на сириските владини сили да повратат територија, додека САД пак ја критикуваше руската кампања како целење главно врз бунтовничките борци, а не на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG