Линкови за пристапност

Ѕид на срамот

  • Синиша Станковиќ

Билјана Јордановска

Билјана Јордановска

Постои ниска свест кај граѓаните за говорот на омраза, кажа координаторката на проектот на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија

„Постои ниска свест кај граѓаните што претставува говорот на омраза. За таа цел, ние преземаме низа активности за да ја покренеме свесноста кај граѓаните, Јавното обвинителство има слаб одзив кон говорот на омраза, законското дефинирање е доста слабо и нема никакви последици. Проектот опфаќа повеќе активности меѓу кои лобирање за превенција од говор на омраза, како и зголемување на свеста кај граѓаните и институциите“, изјави во медиумите, координаторката на проектот на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија, „Анализа на состојбата со говор на омраза во Република Македонија“ и на Интернет платформата за мапирање и следење на говорот на омраза во јавниот простор и медиумите во Македонија, Елена Брмбеска.

Во платформата насочена против говорот на омраза, во чиј состав беше поставен и „Ѕид на срамот“, на кој беа изложени јавни личности кои практикувале говор на омраза во јавноста како и говор на омраза во медиумите, се потенцира дека државните иституции, не само што не го казнуваат и не се борат против говорот на омраза, туку напротив, го поттикнуваат, па затоа, говорот на омраза зема поголем замав во предизборниот период, а го промовирааат и самите политичари. Според анализата, најбројните поплаки за употреба на говор на омраза се на етничка, верска, јазична и национална основа, при што ниедна од етничките групи во Македонија не е амнестирана, а за жал, не се ретки ни физички пресметки.

Според анализата, провладините медиуми етикетираат и дискредитираат индивидуи или претставници на разни етнички или социјални групи, а за жал, МВР и Обвинителството не реагираат.

Извештајот на Хелсиншкиот комитет забележува пораст на феноменот на говорот на омраза во последните две години, особено на социјалните мрежи, па затоа ќе се формира Платформа за борба против говорот на омраза, преку која на жртвите ќе им се нуди бесплатна правна помош, а ќе се преземаат и активности за подигнување на свеста кај народот. Покрај сексуалната ориентација, најголем дел од пријавите за говор на омраза во Македонија се по основ на етничка, расна и верска припадност, особено за време на предизборните кампањи.

XS
SM
MD
LG