Линкови за пристапност

ОН: Авганистан произведува за половина помалку опиум


Од 2001 година до сега, САД имаat потрошено 7,6 милиони долари за помош во борбата со наркотици.

Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал, во средата извести дека производството на опиум во Авганистан оваа година е намалено за 48 проценти.

„Имаме производство од 3.300 тона опиум оваа година, споредувајќи со 6.400 тона минатата година”, рече во Кабул регионалниот претставник на Канцеларијата на ОН, Андреј Аветисјан, кој пред новинарите ги објави заклучоците од последните истражувања за авганистанскиот опиум.

Оваа канцеларија интензивно работела на подобрување на соработката помеѓу агенциите за извршување и авганистанските законодавци. Намалувањето е значително во годините кога земјоделството и производството на опиум во земјата се во пораст.

Аветисјан додаде дека производството на опиумот во 2015 година е намалено за 19 проценти низ целата земја, но се зголемило во северен Авганистан, поради ослабувањето на безбедноста во некои места.

Американските власти сметаат дека производство на афионот ја поттикнува корупцијата и несигурноста, како и дека и` нанесува штета на легалната економија.

Од 2001 година до сега, САД имatа потрошено 7,6 милиони долари за помош во борбата со наркотици.

XS
SM
MD
LG