Линкови за пристапност

Вечерва прва дебата на демократските кандидати


По двете жестоки дебати на републикански кандидати, вечерва на сцената во Лас Вегас шанса за демократските.

Поранешната државна секретарка Хилари Клинтон има статус на главен фаворит за победа во трката за номинацијата, и тоа ќе ја стави во центарот на дебатата помеѓу другите четворица кандидати.

Најнови анкети покажуваат дека Клинтон води со околу 40 отсто поддршка, додека нејзиниот главен противкандидат, Сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, има 25 проценти поддршка.

За разлика од републиканците, демократите минаа помалку време на кампањата критикувајќи се меѓусебно, заради што оваа дебата е интригантен форум за промоција на нивните ставови.

На Клинтон и Сандерс ќе им се придружат поранешниот гувернер на Мериленд, Мартин О'Мали, поранешниот сенатор од Вирџинија Џим Веб и поранешниот Сенатор од Род Ајленд, Линколн Чафи. Последните тројца кандидати едвај се изборија за еден процент поддршка во анкетите.

Демократите ќе имаат само шест дебати, што е половина од планираните на републиканците.

Новата анкета на Ројтерс и Ипсос објавена во понеделникот покажа дека 48 отсто од анкетираните демократи сакаат Бајден да се приклучат на трката. Анкетата исто така покажа дека иако тоа се случи, Клинтон сепак ќе остане лидер, Сандерс ќе биде втор, а Бајден трет со 17 отсто поддршка.

XS
SM
MD
LG