Линкови за пристапност

Големо спојување на пивото


Спојувањето на пиварите е тешко 106 милијарди долари и во едно комбинира најголеми глобални произведувачи.

Две најголеми светски пивари „во принцип“ се согласија на спојување вредно 106 милијарди долари, а ги комбинира двете долгогодишни американски произведувачи на пиво, Анхјузер Буш и Милер покрај многуте други глобални брендови на пиво.

Од матичната компанија на Милер, која е во британска сопственост, САБМилер, велат дека ќе се спојат со белгиско-бразилската компанија Анхјузер Буш ИнБев, или АБ ИнБев, за да се создаде компанија што ќе контролира околу 31 отсто од глобалниот пазар на пиво.

За споредба, следната најголема компанија за пиво е Хајнекен, што контролира девет проценти од пазарот.

Тоа е шеста понуда од АБ ИнБев до САБМилер во изминатите неколку недели.

АБ ИнБев има рок до 28 октомври да претстави формална понуда во која вредноста на секоја акција на САБМилер е 67 долари.

Поради големината на спојувањето можно е да се предизвика реакција кај регулаторите во САД и Кина за можното влијанието врз изборот на корисникот.

На почетокот на тргување во Лондон акциите на САБМилер скокнаа од речиси 9 проценти, што е знак дека трговците со акции веруваат дека договорот ќе се реализира, велат аналитичарите. Според нив здружената компанија ќе биде во вредност од околу 73, 3 милјарди долари.

АБ ИнБев поседува шест од најголемите светски пивари. Освен Будвајзер ја контролира Стела Артоа и Бекс.

САБМилер може да се пофали со пивата како Милер Оригинал, Перони и Најдоброто од Милвоки.

Аналитичарите велат дека договорот ќе им понуди на АБ ИнБев поголем пристап до африканскиот и австралискиот пазар.

Спојување на овие два пиварски гиганти ќе биде продолжение на консолидацијата во пиварската индустрија, што се се движеше забрзано изминатата деценија.

XS
SM
MD
LG