Линкови за пристапност

Спикерската драма во Конгресот продолжува


Среде хаосот половина од Конгресот е практично без лидер недели пред истекување на рокот за донесување буџет

Од Сем Рејбурн до Тип О`Неил и Њут Гингрич и понатаму, гигантите на американската политика ја посакуваат позицијата спикер на Претставничкиот дом, една од највлијателните функции во Вашингтон. Спикерот на Претставничкиот дом е втор по хиерархија за претседател, после потпретседателот, и во ретки случаи од неговиот глас зависи дали предлог-закон ќе може да стане закон во Америка.

И покрај големиот авторитет, овој пат нешто чудно се случува. Големи имиња од републиканците во Конгресот кои потенцијално би можеле да добијат доволно поддршка за да бидат спикери за Претставничкиот дом, не се подготвени да „загризаат“, додека помалку познати претставници кои се желни за оваа функција не се доволно влијателни да ја обезбедат поддршката.

„Ни треба нов почеток” изјави конгресменот Џејсон Чафетс, најавен кандидат за спикер, за емисијата „Оваа недела” на АБЦ телевизијата: „Сите ме познаваат како многу фер, и тоа го слушам од сите, од целиот политички спектрум. Задачата на спикерот е да биде државен функционер кој ќе биде сигурен дека процесот е коректен и има баланс.”

Како претставник на Јута, Чафетс е претседател на Комисијата за надзор и владини реформи. Тој вели дека ќе ја повлече својата кандидатура доколку колегата, кој е фаворит на водачите на републиканската партија, конгресмен и беше кандидат за потпретседател на претседателските избори во 2012 година, Пол Рајан, влезе во трката.

Но, Рајан вели дека не сака да биде спикер, според изјава неколку пати потврдена од неговиот персонал изминативе денови.

Рајан и Чафетс се конзервативци, коишто се залагаат за намалување на обемот на владата. Но, според фракција доволно моќна во Конгресот, Ти парти, ниеден од нив не е доволно радикален конзервативец да му се спротивстави на претседателот Барак Обама.

„Вистината е дека не знаат што ќе прават” рече поранешниот републикански конгресмен Вин Вебер.

Доколку кандидат нема, Вебер предлага нешто ново: избор на привремен спикер.

„Мислам дека треба да купат време, за да размислат кој би бил најдобар кандидат“, вели Вебер.

Демократите и Белата куќа се само набљудувачи на оваа драма.

„Има мал група на конзервативни републиканци кои ја ставаат нивната екстремна идеологија пред се` друго.” рече портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест, минатата недела.

Конгресот, ќе се врати од одмор следната недела и веднаш ќе се соочи со крајните рокови за важни донесувања на закони и финансирање на владата после 11-ти декември. Во овој момент, не е сигурно дали ќе биде поставен нов спикер за да се соочи со овие крајни рокови.

Додека кризата не се надмине, спикерот Бејнер, нема друг избор освен да го одложи своето повлекување.

XS
SM
MD
LG