Линкови за пристапност

Иран: осуден американски новинар


Нема детали за осудата на Џејсон Резијан од Вашингтон Пост.

Иранската државна телевизија објави дека новинарот на Вашингтон пост Џејсон Резијан е осуден врз основа на обвиненијата за шпионажа.

Извештајот го цитираше портпаролот на судството, без детали од пресудата, велејќи само дека Резијан и неговиот бранител имаат право да поднесат жалба на пресудата во рок од 20 дена.

Адвокат на Резијан не ја потврди пресудата и не даде коментар на извештајот.

Извршниот уредник на Вашингтон пост Мартин Барон ја нарече пресудата „невидена неправда“, и кажа дека весникот работи со семејството на Резијан и неговиот правен тим да направат итна жалба.

XS
SM
MD
LG