Линкови за пристапност

Мекарти се повлече од трката за спикер


Калифорнискиот конгресмен рече дека за обединување на Републиканската партијата е потребно свежо лице.

Водечкиот кандидат во трката за спикер на Претставничкиот дом контролиран од републиканците кои имаат мнозинство, неочекувано се повлече од трката, уште повеќе усложнувајќи ја ситуацијата со изборот.

Конгресменот на Калифорнија Кевин Мекарти бараше поддршка од 247 републиканци од вкупно 435-те членови на Конгресот, да го замени спикерот на Претставничкиот дом, Џон Бејнер, кој најави заминување од Конгресот на крајот на месецов.

Мекарти им изјави на поддржувачите дека имал доволна поддршка за да биде номиниран кандидат од неговата партија кога целиот Претставнички дом ќе гласа на 29-ти октомври по ова прашање. Но, двајца други републикански конгресмени, Џејсон Чафетс од Јута и Даниел Вебстер од Флорида, ја најавија својата кандидатура, што го искомпицира патот до победа на Мекарти, доколку други републиканци гласаат против него.

Мекарти, Чафетс и Вебстер се нарекуваат себе си конзервативци, но конгресниот Кокус за слобода што е сочинет од 40-тина најгласни конзервативци во Конгресот, бараат да биде избран Вебстер.

Откако партискиот кокус се сретна во четвртокот, Мекарти се повлече, шокирајќи ги колегите, како што призна подоцна.

„Ве шокирав, нели?” Мекарти им се обрати на новинарите.

„Разговарав со многумина, но како што многу пати сум кажал во кампањата, ние му служиме на народот. Во преден план треба да ја ставиме (републиканската) конференција и за да се обединиме – ни треба ново лице. ”

Питер Кинг, републикански конгресмен од Њујорк, за оставката на Mекарти изјави, „ Воопшто не очекував дека ова може да се случи.”

Друг републиканец, Чарли Дент од Пенсилванија, изјави дека Мекарти не бил сигурен дека ќе ги добие потребните 218 гласа од Конгресот.

После оставката на Мекарти, партискиот какус за избор на нов кандидат е одложено.

Како лидер на републиканците од Претставничкиот дом , спикерот често поставува законодавни приоритети за својата партија на дневен ред и често прави компромиси со со претседателот Барак Обама и демократските законодавци во Конгресот во врска со спорните законски прашања. Во случајот на Бејнер, тоа ги доведе верните приврзаници да побараат негово отстранување.

Според Уставот на САД, спикерот на Претставничкиот дом е втор по хиерархија за претседателот, во случај претседателот и потпретседателот да се починати без претходно да бидат заменети. Ова се нема никогаш случено во историјата на 239-годишното постоење на САД.

Бејнер ја најави својата оставка минатиот месец, после 25 години во Конгресот и последните пет како спикер. Неговиот авторитет беше постојано провоциран од страна на екстремните конзервативци (многумина од нив избрани во 2010 година за време на движењето Ти Парти, кога најголем број од републиканците влегоа во Конгресот) кои бараа поголем удел во донесувањето одлуки.

Бејнер одлучи да се повлече по согласувањето да се донесе краткорочен план за финансирање на владиниот буџет по 30-ти септември, кога истече финансирањето на администрацијата. Спорно прашање беше укинувањето на федералните фондови за организацијата „Планирано родителство”. Се очекуваат нови дебати за буџетот штом ќе истечат одобрените средства кон средината на декември.

XS
SM
MD
LG