Линкови за пристапност

Конгресот посветува внимание на ракот на јајници


Претставниците и сестри Шон Дафи од Висконсин и Роза Делора од Конектикат беа присутни на состанокот. И двете биле заболени од рак на јајници. Дафи изгубила и добра пријателка од овој вид на рак.

Претседателот на Националната алијанса за рак на јајници, Каланет Балас зборуваше за потребата од финансиска поддршка.

„Алијансата работи скоро осумнаесет години и можеме да се пофалиме со многу успеси“, рече тој.

„До сега успеавме од донации да собереме околу 2,2 милијарди долари за истражување и кревање на свеста, но потребно е многу повеќе за истражувања и едукација“, рече тој.

Националната алијанса потенцира дека бројот на преживеани од болеста расте, но дека се` уште нема тест за рано дијагностицирање. Симптомите обично се совпаѓаат со други заболувања, оставајќи 85 проценти од жените да бидат дијагностицирани во подоцнежна фаза. Повеќето од 50 проценти од жените не живеат повеќе од пет години откако ќе бидат дијагностицирани.

Балас нагласува дека истражувањата напредуваат и сега почнува да се сфаќа генетиката на туморите што може да доведе до поефикасно дијагностицирање.

Големи промени има и во третирањето на ракот на јајници со таканаречената интраперитонална хемотерапија, што се вбризгува во стомакот.

Клара Френк, преживеана жртва од овој вид на рак, внимателно ги следи истражувањата. После голем број посети на различни доктори, со симптоми, тешки за објаснување, била конечно дијагностицирана со стадиум три на рак на јајници.

Симптомите на Френк биле интензивни болки во зглобовите и стомакот, киселина, задишување и подуен стомак.

Еден од лекарите што го посетила направил испитување на кожата над стомакот и можел да утврди дека нешто не е во ред.

Откако биле анализирани сите опции за лекување, Френк се одлучила за оној којшто најдобро се вклопувал со нејзиниот динамичен живот. Наместо да оди на хемотерапија секоја трета недела што би ја оставило без енергија и би морала да престане да работи, таа се решила за терапија на постепено вбризгување на лекот во организмот.

Раното откривање е клучно за преживување на ова заболување. Она што Френк а и некои други преживеани советуваат е - ако мислите дека нешто не е во ред со вашето тело, одете на лекар и не се откажувајте додека не го најдете одговорот.

XS
SM
MD
LG