Линкови за пристапност

Медиумска кампања на САД против екстремизмот


Ричард Стенгел

Ричард Стенгел

Во разговор за Гласот на Америка, американскиот потсекретар за јавна дипломатија зборува за стратегијата на САД во справување со ИСИС и други екстремистички групи.

Гласот на Америка разговараше со потсекретарот за јавна дипломатија во американскиот Стејт департмент, Ричард Стенгел, за напорите на владата во спротивставување на насилниот екстремизам.

„Напорите на Стејт департментот ги поддржуваат напорите на Белата куќа дефинирани на Самитот за борба против насилничкиот екстремизам минатата година. Спротивставувањето на екстремизмот има многу компоненти – образовни и медиумски меѓу нив“, кажа Стенгел.

Некои од аспектите на кои претседателот Обама се обидува да посочи на средбите со другите шефови на држави неделава во Генералното собрание на ОН е глобализацијата на ИСИС. Стенгел вели дека фокусот е на областите каде е растежот на ИСИС и каде ИСИС создава пазари. Тоа се видови на екстремизам што се претставуваат како образовна размена, но и на луѓето кои се враќаат назад во нивните заедници, целиот тој круг треба да се опфати, вели потсекретарот.

Инаку Ричард Стенгел управува со Центар за стратешки контратерористички комуникации, воспоставен уште во времето под Клинтон и подоцна трансформиран во машина против ИСИС. Но сега размерот е променет, заради што, како што вели тој, „не сме најдобар пренесувач на нашата порака, заради што ангажираме трети страни за таа улога“.

Во јули е лансиран контратерористички центар во Абу Даби, кој според Стенгел одлично и тоа е заеднички труд меѓу САД и Обединетите Арапски Емирати. „Тоа е дел од нашата стратегија – да не биде фокусот на нас наспроти ИСИС, туку креираме мрежи. Така, се работи за ИСИС наспроти Муслиманскиот свет“, кажа Стенгел за Гласот на Америка.

Во моментов се воспоставени центри и во Јордан, и во Египет. „Сакаме да му покажеме на муслиманскиот свет што прави ИСИС без визибилитет на американскиот Конгрес. Ова е релативно ново и има индикации дека стратегијата преку социјалните медиуми е ефективна“.

Мета на оваа кампања не е само ИСИС. Стенгел во истата група ги става и Боко Харам и Ал Шебаб. Пораката САД ја шират и во областите под нивно влијание.

XS
SM
MD
LG