Линкови за пристапност

Обраќање на Папата Францис во ОН


Папата се заложи за заштита на животната средина и на сиромашните

Папата Францис кажа дека постои право на животната средина и дека човештвото нема право да го злоупотребува или да го уништува.

Францис ова го кажа во говор во Обединетите Нации утринава, на неговиот прв полн ден во Њујорк.

Во надеж дека ќе поттикне конкретна акција по климатските промени во преговорите во Париз, папата ги обвини моќните држави во светот за себична и безгранична лакомост за пари. Тој рече дека тоа довело до уништување на планетата и осиромашување на слабите и непривилегираните.

XS
SM
MD
LG