Линкови за пристапност

Скот Вокер се откажа од претседателската трка


Републиканскиот гувернер на Висконсин вели дека е разочаран од целокупната кампања којашто, како што кажа, преминала во лични напади.

Гувернерот на Висконсин Скот Вокер ја прекина својата кампања за претседателска номинација од редовите на Републиканската партија. Аналитичарите и познавачите на ситуацијата чекорот на Вокер го поврзуваат со недостаток на финансиски средства, со оглед на фактот што патуваше низ Ајова и други клучни сојузни држави барајќи поддршка од потенцијалните републикански гласачи.

Вокер соопшти дека станал разочаран од републиканската трка и дека целокупната кампања, како што кажа, преминала во „лични напади“.

XS
SM
MD
LG