Линкови за пристапност

Пет финалисти за Летните игри во 2024


Меѓународниот олимписки комитет најави пет финалисти – четири европски градови, Будимпешта, Хамбург, Париз и американскиот Лос Анџелес.

Претседателот на ИОК Томас Бах ги нарече финалистите извонредни градови, и предвиде трката за домаќин да биде „силна и фасцинантна“. Конечната одлука е најавена за 2017-ма. Бах изјави дека Меѓународниот олимписки комитет ќе го поддржи настанот со 1,7 милијарди долари. Париз се натпреварува да донесе вековна верзија на Игрите од 1924-та, а Лос Анџелес беше домаќин на Игрите во 1932 и 1984.

Лос Анџелес е единствен северноамерикански град во трката откако Бостон и Торонто се повлекоа, поради како што наведоа, загриженост за висината на трошоците.

XS
SM
MD
LG