Линкови за пристапност

Земоски: Богоевски ќе одговара за клевета и лажна изјава

  • Сашо Митан

Ќе ги превземам сите законски мерки, лицето Слободан Богоевски да одговара пред судски органи, изјави Беким Земоски

Беким Земоски, по потекло од Охрид и човекот кој од страна на поранешниот разузнувач Слободан Богоески, се споменува како лицето кое ги трансферирало парите во скандалот со „Маѓар телеком“, вели дека Богоевски ќе одговара за клевета и лажна изјава дадена пред судски орган.

„Изјавата при сведочењето на Слободан Богоевски за њурошкиот суд дека јас Беким Земоски сум бил посредник, околу наводното мито во врска со аферата со „Маџар Телеком“ е злонамерна и тендециозна, со цел да наштети на мојот углед и интегритет“, вели за Мета Земоски.

Тој вели дека одговорно тврди и демантира дека не учествувал во никакви нелегални посредувања и активности, какви што споменува Слободан Богоевски.

„Со оглед на тоа дека станува збор на лажна, злосторничка и клеветничка изјава дадена под заклетва и под морална и кривична одговорност, јас ќе ги превземам сите законски мерки, лицето Слободан Богоевски да одговара за клевета и лажна изјава дадена пред судски органи“, додава во изјавата Земоски.

Претходно преку „Порталб“ се огласи и вицепремиерот за рамковни прашања, Муса Џафери, кој изјави дека подготвува кривични пријави против поранешниот шеф на тајната полиција, Слободан Богоевски, за неговите обвинувања дека тој и лидерот на партијата, Али Ахмети, се вмешани во скандалот за „Маѓар телеком“.

XS
SM
MD
LG