Линкови за пристапност

Има ли поврзаност меѓу аферата Телеком и аферата за прислушкувањето?!

  • Борјан Јовановски

Наводниот транскрипт на сведочењето на поранешниот прв човек на Тајната служба на Македонија одново ја разбранува јавноста.

За време на викендот македонската јавност ја разбранува нова афера, овој пат поврзана со наводи за корупција на високи функциоенри во врска со противзаконски дадени бенефиции на Телеком во 2005-та година.

Имено, судот во Њујорк го објавил транскриптот на сведочењето на поранешиот шеф на македонското разузнавање Слободан Богоевски. Во процесот кој се води пред судот во Њујорк за нелојална конкуренција, Слободан Богоевски се претставува како посредник во наводните коруптивни зделки. Богоевски тврди дека наводно високи функционери во владата во 2005-та на чије чело бил Владо Бучковски, примиле мито во висина од пет милиони евра за да му овозможат привилегирана позиција на Телеком. Според транскриптот Богоевски доведува во корелација високи функцнери на СДСМ, ДУИ и ВМРО ДПМНЕ.

„Станува збор за граѓанска парница. Засега не би го коментирал случајот“, вели јавниот обвинител Марко Зврлевски, запрашан дали обвинителството ќе отвори истрага по обвинувањата за злоупотреба на службена положба и корупција коишто беа обелоденети деновиве, откако судот во Њујорк го направи достапно за јавноста сведочењето на поранешниот шеф на македонската тајна служба Слободан Богоевски, во случајот кој се води против директорите на „Маѓар телеком“.

„Апсолутна невистина која се актуелизира како дел од гнасната кампања со лаги и измислувања во функција на предвремените избори догодина. Правните застапници ќе ги разгледаат материјалите и ќе поднесат соодветни пријави“, велат од ДУИ.

И поранешниот премиер Владо Бучковски чие име се споменува во транскрпитите вели дека Богоевски презентирал неточни информации и тенденциозни конструкции. Во писмена изјава за јавноста вели се обврзал да не дава изјави до крајот на процесот, но испратил дел од документ кој покажува дека и тој бил повикан како сведок.

Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ засега нема реакции околу случајот. Потпреседателката на СДСМ, Фросина Ременски изјави дека постојат индикации дека сведочењето на Богоевски е веродостојно и дека исто така има елемнти кои наведуваат да се верува дека постои поврзаност помеѓу аферата Телеком и онаа за прислушувањето.

XS
SM
MD
LG