Линкови за пристапност

Кери со говор за поддршка на спогодбата за иранската нуклеарна програма


Конгресот треба да дебатира за договорот следната недела во последните денови од 60-дневниот период за разгледување на договорот пред да може да гласа по него.

Американскиот државен секретар Џон Кери ќе одржи говор во Филаделфија за поддршка на меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма, додека демократите во Конгресот се на работ на гарантирање дека законодавците нема да можат да ја усвојат мерката против договорот.

Кери и виши дипломати од Британија, Кина, Франција, Русија, Германија и ЕУ во јули се договори со Иран да ја ограничи нуклеарната активност во замена за олеснување на санкциите.

Конгресот треба да дебатира за спогодбата следната недела во последните денови од 60-дневниот период за нејзино разгледување пред да се стави на гласање. Критичарите велат дека договорот не обезбедува доволно гаранција дека Иран ќе биде спречен да произведе нуклеарно оружје, со што ќе го стави во опасност американскиот сојузник, Израел. Но поддржувачите на договорот велат дека тој е најдобар начин да се спречи Техеран да стаса до нуклеарно оружје.

XS
SM
MD
LG