Линкови за пристапност

Кинеската берзанска криза и македонската економија

  • Борјан Јовановски

Вакнин: Секој потрес во меѓународната трговија, ќе има големо влијание на македонската економија.

Светските пазари и натаму се под влијание на интензивната нестабилност која драматично ги менува берзанските индекси. Тоа, пак, ги натера инвеститорите да вложуваат главно во државни обврзници.

Кинескиот берзански пад продолжи петти ден по ред. На Шангајската берза главните индекси вчера прво пораснаа, но потоа почнаа да паѓаат, очигледно покажувајќи дека властите треба да вложат повеќе напори за стабилизирање на ситуацијата.

Денеска и европските берзи, по вторничното опоравување, повторно влегоа во црвена зона и не успеаја да се стабилизираат по две сесии на големи флуктуации поради ситуацијата во Кина, чии последици продолжуваат да ги загрижуваат инвеститорите.

Кризата во Кина повлекува пад на цените на берзата и на недвижностите. Во случајот на Македонија случувањата во Кина нема да имаат никакви имликации, изјави за Гласот на Америка на македонски јазик, аналитичарот Сем Вакнин.

Македонската берза како и пазарот на недвижнсоти не се добро интегрирани со остатокот од Европа. Македонската економија е заснована на домашната побарувачка и дознаките од странство од македонската дијаспора, ни изјави Вакнин.

„Во Македонија има безначајна ставка на кинески инвестиции така што ова криза нема да се одрази ниту во овој сектор. Но, македонскиот трговски сектор може да има негативно влијание од значителното намалување на кинескиот увоз и извоз. Како што паѓаат цените на суровините, македонските приходи од извозот може да претрпат штета. Европа во целина – македонскиот главен трговски партнер – ќе биде лошо засегната со секое намалување на кинеската побарувачка за европски добра. Кина е најголемиот трговски партнер на Европа. Македонската економија силно се потпира на меѓународна трговија и секој надворешен потрес во глобалната меѓународна трговија, ќе има големо влијание на македонската економија која и без тоа е кревка“, изјави аналитичарот Сем Вакнин, за Гласот на Америка.

XS
SM
MD
LG