Линкови за пристапност

Кина ја девалвира валутата трет ден по ред


Централната банка во четвртокот го постави јуанот на околу еден процент пониско од претходниот ден, на околу 6,40 за долар.

Кина ја девалвираше својата валута трет последователен ден, додека глобалните пазари се опоравија откако Пекинг сигнализираше дека нема да продолжи со девалвацијата.

Централната банка во четвртокот го постави јуанот на околу еден процент пониско од претходниот ден, на околу 6,40 за долар.

Пекинг стриктно го контролира јуанот во распон на два проценти над и под точката на референца, која се поставува на дневна основа.

Валутата изгуби повеќе од три проценти од својата вредност по првата промена од вторникот.

Претставници на Централната банка во четврток се обидоа да ги отстранат стравувањата за натамошна девалвација, велејќи дека јуанот сега е близу до „пазарното ниво“.

Размената беше мешана во четврток низ Азија, но заврши главно на позитивна територија по сигналите од централната банка. Иницијалниот потег на Кина донесе два дена опаѓање на поголемите берзи во светот.

Многу инвеститори се загрижени дека интервенцијата сигнализира дека растежот во втората по големина економија во светот забавува повеќе отколку што се мислело.

Исто така има загриженост дека тоа може да ги поттикне другите нации да ги девалвираат своите валути, бидејќи послабиот ѕуан ги прави кинеските поконкурентни за странските купувачи.

XS
SM
MD
LG