Линкови за пристапност

ЕУ: Мигрантската криза во Грција повеќе од ургентна


Грција многу брзо ќе добие првична помош за оваа намена од 33 милиони долари

Напливот на мигранти од Блискиот исток до Грција продолжува, со околу 100 до 500 пристанувања на грчкиот остров Кос секој ден – приклучувајќи им се на илјадници кои се веќе таму.

Грција беше преполна со бегалци и економски мигранти, главно од Сирија – со повеќе од 125.000 од нив кои стигнале до источните острови на Егејското Море оваа година, што е 750 проценти зголемување споредено со 2014.

Зборувајќи со новинарите во среда во Брисел, портпаролката на Европската комисија Наташа Бертад кажа дека ситуацијата во Грција, особено во Кос, е многу сериозна и дека ЕУ работи со неколку бегалски организации, за да помогне.

„Ситуацијата е повеќе од ургентна и бара колективна европска реакција...Ние трикратно ги зголемивме ресурсите за нашите поморски операции за да и` помогнеме на грчката патролна служба на границите и заради спасување на животи“.

Порано неделава ЕУ одобри национални програми за финансирање од 528 милиони долари. Грција се очекува брзо да добие првична сума од 33 милиони долари.

Како дополнение на парите, ЕУ исто така предложи релокационен систем за трансфер на 16.000 луѓе на кои им треба меѓународна заштита од Грција во други земји членки на ЕУ.

XS
SM
MD
LG