Линкови за пристапност

Грција постигнала техничка спогодба со кредиторите


Претставничката на ЕК вели дека се` уште нема политички договор, но дека некои детали се во фаза на финализирање

Грција и нејзините меѓународни кредитори се согласиле „во принцип“ на широки услови на нов тригодишен пакет помош, но некои детали се очекува да бидат финализирани во вторник.

Аника Бредхарт, портпаролка на Европската комисија, клучен медијатор на разговорите, го потврди напредокот по тоа што се очекува да биде пакет од 94 милијарди долари.

„Во моментов имаме договор на техничко ниво постигнат од персоналот на институциите и грчките власти на теренот по недели на преговори. Но во моментов немаме политички договор, иако некои детали се во фаза на финализирање“.

Бредхарт кажа дека конечниот договор треба да биде одобрен од висок претставник на секоја од 28-те членки на ЕУ. Таа соопшти дека високи финансиски претставници ќе се состанат подоцна во вторник.

Грчкиот парламент се очекува да гласа по мерката до четврток, со поддршка од министрите за финансии на еврозоната дадена до петок.

На грција и` требаат парите до 20 август кога мора да отплати 3,5 милијарди долг на Европската централна банка.

XS
SM
MD
LG