Линкови за пристапност

Формално започнува претседателската трка 2016-та


Првата од шесте републикански дебати на кандидатите за претседател ќе се одржи во четврток во ударен телевизиски вечерен термин, во Кливленд, Охајо

Првата дебата на трката за претседател на САД во 2016 ќе се случи во четврток во градот Кливленд на државата од средниот запад Охајо, кога 10 водечки републикански кандидати се соочуваат меѓусебно, на националната телевизија.

Милијардерот и бизнисмен со недвижнини Доналд Трамп, кој брзо се наметна со неговиот бомбастичен карактер и слободен кампањски стил, ќе биде на сцената на настанот заедно со двајца поранешни гувернери, Џеб Буш од Флорида и Мајк Хакаби од Арканзас, тројца сегашни гувернери Скот Вокер од Висконсин, Крис Кристи од Њу Џерси и Џон Касик од Охајо, американските сенатори Ранд Пол, Марко Рубио и Тед Круз, и пензионираниот неврохирург Бен Карсон.

Десетте кандидати се избрани од Фокс Њуз за дебатата во ударен термин базирано на нивното место во пет различни национални истражувања на јавно мислење.

Седуммина други републикански кандидати кои не беа избрани да учествуваат во главниот настан, ќе учествуваат во покуса дебата што ќе се одржи порано во четврток. Меѓу нив се поранешната директорка на технолошка фирма Карли Фиорина, единствената жена на полето републикански кандидати, поранешните гувернери Рик Пери, Џорџ Патаки и Џим Гилмор, сегашниот гувернер на Луизијана Боби Џиндал, сенаторот од Јужна Каролина Линдзи Грем и поранешниот сенатор од Пенсилванија Рик Санторум.

Дебатата е прва од шесте републикански дебати пред прелиминарното гласање да започне во февруари.

XS
SM
MD
LG