Линкови за пристапност

Шефот на ОН и претседателот на САД започнуваат нова иницијатива


Бан Ки-мун во вторник со американскиот претседател ќе зборуваат во Белата куќа за климатските промени.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун во вторник е во посета на Белата куќа за разговори со американскиот претседател Барак Обама по лепеза прашања.

Портпарол за Бан кажа дека двајцата ќе разговараат за климатските промени и тековните воени конфликти и хуманитарни кризи во Сирија и Либан.

Вторничката средба меѓу двајцата лидери доаѓа во време кога тие почнуваат да промовираат две големи социјални иницијативи на нивните агенди. Обама во понеделникот објави нов план со цел да се намали загадувањето со јаглен од американските централи до 2030-та преку пакет предложени регулативи.

Бан промовира нов договор за глобален развој постигнат во неделата меѓу 193-те држави членки на Обединетите нации, што бара крај на сиромаштијата, постигнување на полова еднаквост и борба против климатските промени до 2030-та.

XS
SM
MD
LG