Линкови за пристапност

По големиот пад на вредноста на акции и смирувачките напори на Пекинг, кинеските акции завршија на позитивна територија

Кинеските акции многу флуктуираа во четврток, но завршија со голема добивка откако Пекинг соопшти серија нови мерки за смирување на тринеделното паѓање.

Шангај затвори на близу 5.8 проценти, откако падна речиси 3.5 проценти кусо време по отварањето на берзата. Тоа беше најголема добивка на индексот во еден ден од 2009-та наваму.

Хонг Конг исто така падна по објавата на ѕвончето, пред да се опорави додавајќи близу 4 проценти пред затварањето.

Инвеститорите насекаде во регионот го следеа примерот на Кина, со акциите кои завршија на позитивна територија, во Токио, Сеул и Сиднеј.

Трговците на главното копно забрзано продаваа акции последниве денови, додавајќи на надолниот тренд што збриша околу 30 проценти на пазарната вредност, од средината на јуни.

Регулаторната комисија за хартии од вредност на Кина презеде очајнички чекор во четвртокот забранувајќи големи носители на акции да продаваат наредниве шест месеци.

Крахирањето на кинескиот пазар на акции комбинирано со грчката должничка криза глобално ги потресоа инвеститорите.

XS
SM
MD
LG