Линкови за пристапност

Грција ќе понуди нови предлози


Шефот на финансиските министри на еврозоната кажа дека задржувањето на Грција во еврозоната е „се` уште нивна цел и моја“.

Грција не е поблиску до постигнување нов договор за помош со меѓународните кредитори, но грчкиот премиер Алексис Ципрас е подготвен да понуди нови предлози на самитот на Европската унија во вторник.

Ципрас зборувал по телефон со германската канцеларка Ангела Меркел, главниот европски заложник за поставување посилни мерки за штедење врз атинската влада, во понеделник. Нивниот разговор дојде по референдумот во Грција против барањето на заемодавачите за нови фискални рестрикции во државата како замена за повеќе пари за помош за да се одржат грчките банки со пари.

Шефот на финансиските министри на еврозоната, холандскиот Министер за финансии Јероен Диселблоем, кажа дека задржувањето на Грција во еврозоната е „се` уште нивна цел и моја“. Но тој рече дека референдумот „не не` донесува поблиску до решение во овој момент“.

„Топката сега е во полето на Грција“, рече финскиот Министер за надворешни работи, Александер Стуб. “Преговорите може да продолжат само ако грчката влада има волја да соработува и да вети мерки за стабилизирање на јавната економија на државата како и да имплементира структурни реформи за должничка одржливост“.

XS
SM
MD
LG