Линкови за пристапност

Варуфакис си даде оставка и покрај исходот, а заминува и лидерот на опозицијата, Самарас; од Европа допрва се очекува заеднички став

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис во понеделникот си даде оставка, еден ден откако грчките гласачи со големо мнозинство го отфрлија барањето на лидерите на државата за поставување на повеќе мерки за штедење врз државата во замена за нови заеми за помош за владата на Атина. Неговата оставка беше изненадување зашто тој кажа дека тоа ќе го стори само ако неговите сограѓани гласаат за прифаќање на барањата за штедење.

Сепак, Варуфакис во понеделник кажа дека „му станало јасно за одредени преференци“ кај некои членови на еврозоната за негово “отсуство“ од средбите на министрите за финансии. Тој рече дека неговото повлекување од тие средби било „идеја на премиерот зашто тоа потенцијално би му помогнало да постигне подобар договор “ со грчките кредитори.

Варуфакис често се судирал со кредиторите изминативе месеци. И пред неколку дена, тој ја обвини Европската унија за „тероризам“ обидувајќи се да ги уплаши Грците да гласаат како што сака ЕУ. Во понеделник Варуфакис кажа „Јас ќе ја носам омразата на кредиторите со гордост“.

Премиерот Алексис Ципрас „чувствува потреба да му се заблагодари“ на Варуфакис“, рече владиниот портпарол Габриел Сакеларидис во соопштение, додавајќи: „за неговите непрекинати напори на промоција на владините ставови и интереси на гршкиот народ, под многу тешки околности“.

Замената на Варуфакис ќе биде објавена подоцна во понеделник, кажа Сакеларидис.

Резултатите на референдумот покажаа 61 процент од гласачите се оглушиле на предупредувањата на европските лидери дека игнорирање на нивните повици за натамошни мерки на штедење би можело да ја истурка државата од блокот на 19 нации со заедничка валута.

Премиерот Ципрас кој поттикна да се гласа со „не“ по референдумот изјави: „Денеска славиме победа на демократијата" . Ципрас кажа дека е подготвен да се врати на преговарачка маса, и дека мандатот од јавноста ќе му даде поголема тежина за постигнување подобар договор со грчките кредитори. Премиерот кажа дека гласачите направиле „многу храбар избор“.

Опозицијата го обвини Ципрас за ризикување на членството на државата во еврозоната. Опозициониот лидер Антонис Самарас поднесе оставка , откако неговата партија Нова демократија поттикна гласање „да“ на референдумот.

Каква е европската иднината на Грција во однос на ЕУ не е јасно. Германија зазема тврда линија спрема Грција и за напорите за ново преговарање за дополнителни средства.

„Во светлина на вчерашната одлука на грчките граѓани, нема основа за влегување во преговори по нова програма за помош“, кажа Стефен Сеиберт, портпарол за германската канцеларка Ангела Меркер, во понеделник.

Портпаролот на германското Министерство за финансии кажа „Не гледам причина да влеземе во дискусии“.

Во меѓувреме, Франција остави простор за натамошни разговори со Грција.

Министерот за европски прашања Харлем Десир кажа дека грчкото „не“ не значи дека Грција сака да го напушти еврото, но разговорите со Грција мора да започнат скоро „на сериозна основа“.

Европската комисија кажа дека го „почитува“ резултатот на референдумот.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Таск свика самит на лидерите на еврозоната во вторник за дискусија по ситуацијата.

XS
SM
MD
LG